Во рамки на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ кој го спроведува Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ со поддршка на Детската Фондација Песталоци, во ООУ„Гоце Делчев“- Штип се реализираше обука на тема: Градење партнерства со родители и вклучување на родовата перспектива во училишни активности. Учесниците, одделенските, предметните наставници и стручната служба имаа можност да се информираат и да споделат свои искуства за следните теми: • Партнерство училиште – родители• Вклучување на родителите во процесот на Алтернативна и аугментативна комуникација• Вклучување на родовата перспектива во планирање и реализирање на активностите на сите ученици Сите заедно дојдовме до заклучок дека родителите се важна алка во воспитно – образовниот процес, и тие треба да бидат активни партнери на училиштата.