Сите информации кои се во владение на државата, органите на власта, јавните претпријатија, јавните установи, организациите и институциите кои ги финансира државата, како и сите други организации кои ги имаат јавни функции, се информации од јавен карактер.
Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер го обезбедува правото на физичките и правните лица да ги добијат информациите од јавен карактер. Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер (АСПИ) е орган кој што се занимава со заштитата на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.
ООУ „Гоце Делчев“ Штип како имател на информации согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер обезбедува јавност и отвореност во работата, и им овозможува на физичките и правните лица да го остваруваат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно чл. 8 од ЗСПИЈК за службено лице одговорно за остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер е поставено:
ГОРАН КОСТОВ
e-mail: kostov73@gmail.com
e-mail: ou_goce_delcev_stip@yahoo.com
Службен мобилен: 078/216-226
тел: 032/380-417
факс: 032/380-433
НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ:
Слободен пристап до информации имаат сите правни и физички лица. Слободен пристап до информации имаат и странски правни и физички лица во согласност со овој и друг закон.
Образецот на Барањето содржи назив на Имателот на информацијата, личното име и презиме на Барателот на информацијата, податоци за можниот застапник или ополномоштеното лице, фирмата или правното лице, опис на информацијата со која сака да се запознае, на каков начин сака да се запознае со содржината на бараната информација и на каков начин да му се достави бараната информација. Барање може да се поднесе пополнето и на обичен лист хартија но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.
ОБРАСЦИ:
Образец – барање за информации од јавен карактер (PDF) – линк
Образец – барање за информации од јавен карактер (WORD) – линк
Образец – жалба (PDF) – линк
Образец – жалба (WORD) – линк
Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер
ПРОПИСИ – линк
ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ
Годишен извештај 01.01.2021 – 31.12.2021 – ООУ Гоце Делчев“ Штип |
Годишен извештај 01.01.2022 – 31.12.2022 – ООУ Гоце Делчев“ Штип |
Годишен извештај 01.01.2023 – 31.12.2023 – ООУ Гоце Делчев“ Штип |
ШТО ТРЕБА ДА СОДРЖИ БАРАЊЕТО ЗА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР ?
За да поднесете барање за пристап до информации од јавен карактер, треба да следите ги инструкциите на имателот на информацијата.
Образецот на Барањето содржи:
- Назив на Имателот на информацијата
- личното име и презиме на Барателот на информацијата
- Податоци за можниот застапник или ополномоштеното лице, фирмата или правното лице
- Опис на информацијата со која сака да се запознае, на каков начин сака да се запознае со содржината на бараната информација и на каков начин да му се достави бараната информација.
- Барање може да се поднесе пополнето и на обичен лист хартија но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
- Барателот не е должен да го образложи барањето.
Барањата за пристап до информации од јавен карактер граѓаните можат да ги пратат по електронски пат на службеното лице или по пошта на следната адреса:
ОПШТИНСКО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ШТИП
УЛ: ИВО ЛОЛА РИБАР БР. 179
2000, ШТИП
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА