ИСТОРИЈАТ И ЛИЧНА КАРТА НА УЧИЛИШТЕТО

ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА УЧИЛИШТЕТО

Општинското Основно училиште Гоце Делчев – Штип, постои од 1996 година, низ кое поминале 33 генерации ученици. Основното училиште е изградено 1966 година од местен самодопринос на граѓаните. Во состав на ООУ работат и две подрачни училишта во населба Три Чешми и село Шашаварлија.

ООУ „Гоце Делчев“ Штип располага со 17 училници, 1 кабинет по информатика, сала за физичко образование со спортски терен, училишна библиотека, простории за наставниот, раководниот и стручниот кадар и училишниот двор хортикултурно третиран и ограден.

ЛОКАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО

OОУ (матичната зграда) е сместенa во реонот Бело Брдо на ул. Иво Лола Рибар 179, недалеку од центарот на градот, во област на семејства чија материјална обезбеденост е ниска, кои примаат социјални надоместоци. Повеќето родители се со средно образование, а мал број со високо образование. Овој дел од градот е населен со фамилии од мултиетнички состав како што се македонци, роми, турци, власи и др.

УЧЕНИЦИ

Од вакви семејства  кои живеат во вакви услови а припаѓаат на реонот на ОУ (матичната зграда) се школуваат ученици од подготвителна година до VIII одделение, сместени во 31  паралелкa  од кои  3 паралелки се во подготвителната година со 65 ученика,  13 паралелки од I-IV одделение со 297 ученика, и 16 паралелки од V-VIII одделение  со 366 ученика.   Во учебната 2023/2024 година. во наставно –воспитниот процес опфатени се вкупно 638 ученика.

Во ПУ во нас. Три Чешми се школуваат  вкупно 140 ученика  и тоа:  65 ученика од I-IV одделение распоредени во 4 паралелки, 66 ученика од V-VIII одделение распоредени во 4 паралелки и 9 ученика во подготвителна година во 1 паралелка.

Во ПУ во с. Шашаварлија се школуваат вкупно 9 ученика и тоа  од I-IV одделение во 1 комбинирана паралелка се 6 ученика, а во подготвителната група 3 ученика. Наставата во оваа училиште  се изведува на турски наставен јазик.

НАСТАВЕН КАДАР

Наставниот кадар е со добра кавалификациона структура. Подготвителна година ја водат 4 воспитувачи од кои 3 со ВСП и 1  со ВШСП.

Одделенска настава изведуваат 17 наставника и тоа  12  во матичната зграда  од кои 4 со ВСП и 8 со ВШСП, 4 во ПУ нас. Три Чешми од кои 2 со ВСП и 2 со ВШСП  и 1 во ПУ во с. Шашаварлија со ВСП..Предметна настава изведуваат 29 наставника од кои со ВСП се 19 наставника а со ВШСП се 10 наставника.

АКТИВНОСТИ

ООУ „Гоце Делчев“ работи според Годишна програма во која се содржани мисијата, визијата, приоритетните подрачја на дејствување, целите и задачите за нивно остварување.