Согласно програмата за еднакви можности на Општина Штип, а поради зголемен број случаи на насилство ( булинг ) меѓу учениците во основните училишта се реализираше активност на тема: ,,Биди другар, а не насилник- почитувај ги вредностите на другите“.
Во ,, ООУ Гоце Делчев “ – Штип на ден 29.09.2021 година се одржа едукативно предавање од страна на претставници од МВР СВР Штип и Општина Штип , а свој допринос даде и Здружението на граѓани ,,ЕХО“ со пригодни постери изработени од страна на ученици од основните и средните училишта , на кои беа претставени најчестите појави на насилство.
На предавањето присуствуваа ученици од 6 до 9 одделение од ООУ,,Гоце Делчев “ – Штип, поделени во групи за да се запазат мерките за Ковид 19 во училиштето.
