Обука на тема: Градење партнерства со родители и вклучување на родовата перспектива во училишни активности.

0
312

Во рамки на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ кој го спроведува Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ со поддршка на Детската Фондација Песталоци, во ООУ„Гоце Делчев“- Штип се реализираше обука на тема: Градење партнерства со родители и вклучување на родовата перспектива во училишни активности. Учесниците, одделенските, предметните наставници и стручната служба имаа можност да се информираат и да споделат свои искуства за следните теми: • Партнерство училиште – родители• Вклучување на родителите во процесот на Алтернативна и аугментативна комуникација• Вклучување на родовата перспектива во планирање и реализирање на активностите на сите ученици Сите заедно дојдовме до заклучок дека родителите се важна алка во воспитно – образовниот процес, и тие треба да бидат активни партнери на училиштата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here