Oдбележана 151 година од раѓањето на Гоце Дечев – свето име од македонската историја, име кое со гордост го носи нашето училиште.
Во книжевно – музичкиот перформанс „Гоце Делчев“ роден за да не` учи и води“ во организација на НУ-УБ „Гоце Делчев“ Штип ликот и делото на Делчев го претставија: Ирина Шпритова, Борис Пилатов и Дорис Чочева – ученици во IX одд.
Стихови за Гоце читаа: Андреевска Миа и Еминова Азра – VIII одд. и со свои лични творби се претставија: Тамара Накова, Илина Блажева – VII одд, Ана Чапова- VI одд. ученици од подрачното училиште во нас. Три чешми.
Ментори – наставниците по македонски јазик: Марија Ристова, Маре Милева и Весна Јованова. Секогаш благодарни што Те имавме! Вечна слава Апостоле!
