Училишниот инклузивен тим во ООУ „Гоце Делчев“- Штип го одбележа 21 март Светскиот ден на лицата со Даунов синдром со низа активности и тоа:

  • На одделенскиот час на 13.3.2023 одделенските раководители на сите
    паралелки заедно со учениците креираа афирмативен слоган во насока на будење на
    свеста за прифаќање на лицата со Даунов синдром.
  • Членовите на ликовната секција изработија сино –жолти ленти, симбол за
    Дауновиот синдром.
  • На 14.3.2023 стручната служба за најафирмативен слоган го избра слоганот „Различни на изглед, исти во душа“  на ученикот Горјан Бинов од VI3 и истиот е содржан во изработениот беџ.
  • На 21.3.2023 година во 12.00 часот за членовите на ученичкиот парламент,
    специјалниот едукатор и рехабилитатор – логопед м-р Елена
    Ташкова и училишниот педагог Славица Пилатова реализираа едукативна
    презентација на тема Даунов синдром. Настанот беше медиумски покриен од локалната
    телевизија M»Net HD.
  • Членовите на ученичкиот парламент го посетија Градоначалникот на Општина
    Штип и дел од советниците и им подарија беџови, а исто и на нашите сограѓани, и
    ја испратија пораката дека живееме во ист свет со овие деца и дека светот е
    поубаво место за живеење кога се прифаќаме и поддржуваме.
  • Директорот, м-р Зоран Митев организраше прием за сите членови на Ученичкиот
    парламент и му врачи признание на ученикот за избраниот слоган.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here