По повод одбележување на 14 Февруари кога се слави љубовта❤ и виното 🍇но и Денот на љубителите на библиотеки📚, нашето училиште зеде учество на книжевно-креативната работилница ,,Најубавите љубовни писма во светската литература”, во организација на НУ-УБ ,,Гоце Делчев”- Штип.📜🖊 Учениците беа под менторство на наставничките по македонски јазик: м-р Марија Ристова, проф. Маре Милева и проф. Весна Јованова.
✅📚По повод 14 Февруари кој е исто така и Светски ден на подарување на книги, нашиот училишен библиотекар Ване Дериволов, подари книги на ученици кои се редовни посетители на училишната библиотека.
📌📣 Целта на работилницата беше да се истакне значењето и улогата на Библиотеката во развојот и формирањето на учениците како личности кои ќе пројават интерес и љубов кон пишаниот збор и книгата, но и поттикнување и негување на убави и позитивни чувства и кон љубовта како возвишена човечка особина.
