Согласно програмата за еднакви можности на Општина Штип, а поради зголемен број случаи  на насилство ( булинг )  меѓу учениците  во основните училишта се реализираше активност на тема: ,,Биди другар, а не насилник- почитувај  ги вредностите на другите“.

Во ,, ООУ Гоце Делчев “ – Штип  на ден 29.09.2021 година се одржа едукативно предавање од страна на претставници од МВР СВР Штип и Општина Штип , а свој допринос даде и Здружението на граѓани ,,ЕХО“  со пригодни постери изработени од страна на ученици од основните и средните училишта , на кои беа претставени најчестите појави на насилство.

На предавањето присуствуваа ученици од  6 до 9 одделение од ООУ,,Гоце Делчев “ – Штип, поделени во групи за да се запазат мерките  за Ковид 19 во училиштето.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here