ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА УЧИЛИШТЕТО
Општинското Основно училиште Гоце Делчев – Штип, постои од 1996 година, низ кое поминале 33 генерации ученици. Основното училиште е изградено 1966 година од местен самодопринос на граѓаните. Во состав на ООУ работат и две подрачни училишта во населба Три Чешми и село Шашаварлија.
ООУ „Гоце Делчев“ Штип располага со 17 училници, 1 кабинет по информатика, сала за физичко образование со спортски терен, училишна библиотека, простории за наставниот, раководниот и стручниот кадар и училишниот двор хортикултурно третиран и ограден.
ЛОКАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО
OОУ (матичната зграда) е сместенa во реонот Бело Брдо на ул. Иво Лола Рибар 179, недалеку од центарот на градот, во област на семејства чија материјална обезбеденост е ниска, кои примаат социјални надоместоци. Повеќето родители се со средно образование, а мал број со високо образование. Овој дел од градот е населен со фамилии од мултиетнички состав како што се македонци, роми, турци, власи и др.

УЧЕНИЦИ
Од вакви семејства кои живеат во вакви услови а припаѓаат на реонот на ОУ (матичната зграда) се школуваат ученици од подготвителна година до VIII одделение, сместени во 31 паралелкa од кои 3 паралелки се во подготвителната година со 65 ученика, 13 паралелки од I-IV одделение со 297 ученика, и 16 паралелки од V-VIII одделение со 366 ученика. Во учебната 2023/2024 година. во наставно –воспитниот процес опфатени се вкупно 638 ученика.
Во ПУ во нас. Три Чешми се школуваат вкупно 140 ученика и тоа: 65 ученика од I-IV одделение распоредени во 4 паралелки, 66 ученика од V-VIII одделение распоредени во 4 паралелки и 9 ученика во подготвителна година во 1 паралелка.
Во ПУ во с. Шашаварлија се школуваат вкупно 9 ученика и тоа од I-IV одделение во 1 комбинирана паралелка се 6 ученика, а во подготвителната група 3 ученика. Наставата во оваа училиште се изведува на турски наставен јазик.
НАСТАВЕН КАДАР
Наставниот кадар е со добра кавалификациона структура. Подготвителна година ја водат 4 воспитувачи од кои 3 со ВСП и 1 со ВШСП.
Одделенска настава изведуваат 17 наставника и тоа 12 во матичната зграда од кои 4 со ВСП и 8 со ВШСП, 4 во ПУ нас. Три Чешми од кои 2 со ВСП и 2 со ВШСП и 1 во ПУ во с. Шашаварлија со ВСП..Предметна настава изведуваат 29 наставника од кои со ВСП се 19 наставника а со ВШСП се 10 наставника.
АКТИВНОСТИ
ООУ „Гоце Делчев“ работи според Годишна програма во која се содржани мисијата, визијата, приоритетните подрачја на дејствување, целите и задачите за нивно остварување.