ООУ „Гоце Делчев“ Штип, согласно Член 60 од Законот за основно образование, во текот на месец мај ќе врши упис на деца во прво одделение за учебната 2022/2023 година. Родителот, односно старателот, согласно став (4) од овој закон Е ДОЛЖЕН да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години, но, по исклучок од став (4) на овој член, детето може да се запише во прво одделение, доколку наполни шест години до 31 Јануари наредната година, по претходно барање од родителот, односно старателот и добиеното мислење од педагогот или психологот во училиштето. Родителот, односно старателот има право да го запише детето во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано престојува. trwin
При запишувањето на детето во прво одделение родителот, односно старателот е должен да ги достави следните документи:
- ФОТОКОПИЈА ОД ИЗВОД НА РОДЕНИТЕ ЗА ДЕТЕТО
- ПОТВРДА ЗА ПРИМЕНИТЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ВАКЦИНИ ЗА ДЕТЕТО
- ПОТВРДА ЗА ИЗВРШЕН ОФТАЛМОЛОШКИ ПРЕГЛЕД (ИЗДАДЕНА ОД ЛЕКАР
СПЕЦИЈАЛИСТ – ОФТАЛМОЛОГ) - ПОТВРДА ОД СТОМАТОЛОШКИ ПРЕГЛЕД (ИЗДАДЕНА ОД МАТИЧЕН
СТОМАТОЛОГ ИЛИ ОД ДЕТСКА И ПРЕВЕНТИВНА
СТОМАТОЛОГИЈА).
Согласно законот за образование, доколку детето има одредена развојна попреченост, при запишувањето на детето во прво одделение родителот, односно старателот Е ДОЛЖЕН да достави и мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.
Запишувањето на децата во прво одделение родителот може да го направи и електронски, преку порталот https://uslugi.gov.mk/
Родителите/старателите можат да пополнат апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните документи за вакцинации и прегледи.
ПОЧИТУВАНИ, КОМИСИЈАТА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВЕ ПОКАНУВА ДА ДОЈДЕТЕ СО ВАШЕТО ДЕТЕ ВО ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ШТИП СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ВО СЛЕДНИТЕ ТЕРМИНИ:
- предпладне
од 9.00 до 13.00 часот - попладне
од 14.00 до 18.00 часот
Директор,
| 28.4.2022 |
Штип Димов Трајче
