По повод “5ти Октомври Светскиот ден на учителот”, Општина Штип традиционално организираше Свечена академија на која беа доделени награди и признанија на едни од најистакнатите воспитно-образовни работници од детските градинки, основните и средните општински училишта, за нивниот особен придонес и лично вложување. Оваа година од нашето училиште предлог за добитник на признанието, беше стручниот соработник специјален едукатор и рехабилитатор – логопед м-р Елена Ташкова. Според нејзината изјава, наградата ќе биде поттик да продолжи со понатамошниот професионален раст и развој, и испишувањето на приказни за успешна инклузија.
.
