22 Април – Ден на планетата Земја „Да ја обновиме нашата Земја!“…Како што музиката (“Jerusalema” – song) го предизвика и обедини светот, со еден волшебен „Dance challenge“ , така и ние, учениците од 6-2 одд. заедно со сите наши соученици и наставничката по географија Виолета Иванова од ООУ„Гоце Делчев“-Штип, ги повикуваме сите жители на нашата сино-зелена планета да го прославиме благодетот, подарен од природата, наречен живот … Само обединети, сплотени и со разумни глави ќе допринесеме во решавањето на проблемите со неконтролираното и себично искористување и загадување на природните ресурси на овој наш единствен дом !!!