Во рамките на пролетно-еколошките активности „ Денови на пролетта-Денови на екологијата“, учениците од географската секција од ООУ„Гоце Делчев“ – Штип заедно со своите наставници Виолета Иванова и Билјана Шапкова изработија едукативни флаери. Од нивната содржина може да се научи за вистинската причина за појавата на годишните времиња и зошто се менува датумот на пристигнување на пролетта. Инспирирани од доаѓањето на пролетта, учениците ги искажаа и своите чувства:  „Пролетта го буди и оптимизмот кај луѓето… Расте ентузијазмот и енергијата за зачувување на природата…“ Затоа  флаерите ги делеа околу нашето училиште на граѓаните, сакајки да ги споделат своите знаења и чувства и да им посакат на сите „Да ја разбудиме пролетта во нас!“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here