ООУ „Гоце Делчев“- Штип Организира дисиминација на Едукативниот пакет ,, Медена Земја“ кој е подготвен во рамки на програмата за зачувување на природата во Северна Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, координиран од ,,Фармахем“ од Скопје. Стратешки партнер на Програмата е Министерство за животна средина и просторно планирање. Програма – Промоција на активностите од проектот : Славица Пилатова – педагог – Запознавање со содржината на Едукативниот пакет и имплементирање на игрите од Едукативниот пакет ,,Медена Земја“ – за наставниците од предметна настава – Марика Балабанова предметен наставник – Запознавање со содржината на Едукативниот пакет и имплементирање на игрите од Едукативниот пакет ,,Медена Земја“– за наставниците од одделенска настава – Силвана Штерјова одделенски наставник.