Реализација на Акцискиот план на активности за унапредување на менталното здравје во ООУ „Гоце Делчев“- Штип

0
306

Во рамки на Програмата за унапредување на менталното здравје и добросостојба на децата и младите, стручната служба на ООУ „Гоце Делчев“- Штип во состав: специјален едукатор и рехабилитатор-логопед, м-р Елена Ташкова, педагог, Славица Пилатова и психолог, Вања Христова Срафимова, во периодот од 10.10 до 19.10.2022 со учениците од прво и второ одделение, во кои паралелки има инклузирано ученици со посебни образовни потреби, реализраа четири креативни работилници на тема: „Инклузијата/прифаќање на другарчето со посебни образовни потреби “. Креативната работилница насловена какао „Запознај ме, прифати ме, вклучи ме“ имаше за цел: Сензибилизација кон ученикот со посебни образовни потреби и унапредување на неговата инклузија со превенција на негово социјално исклучување.

 На учениците на креативен начин им беше презентирано што значи ученик со посебни образовни потреби, и им беше доближен концептот на инклузивно образование.

Активностите беа прифатени со воодушевување и уште еднаш учениците покажаа и докажаа дека СИТЕ СМЕ ЕДНО !

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here