Книгата прозорец кон светот на фантазијата и стекнување на знаења.
Библиотеката е место каде учениците ги надоградуваат своите морално-воспитни и психички знаења ако се знае фактот дека со секоја прочитана книга ученикот станува културно и духовно повозвишен.Секоја книга е ризница во која треба само да се нурнеме и да црпиме богатсво од знаења и мудрости.Колку повеќе читаме толку сме духовно и интелектуално побогати.Затоа целта на мене како библиотекар и на наставниците е да им ја доближиме книгата на учениците и да им укажеме на значењето од секојдневната дружба со неа. Сметам дека книгата и читањето се основа за понатамошен развој на ученикот како личност. Затоа е потребно да се потрудиме сите ние заедно со родителите да им ја всадиме таа љубов за читање уште од најраната возраст, бидејќи со секоја прочитана книга се збогатува речникот и начинот на однесување во околината.