Училишниот инклузивен тим во ООУ „Гоце Делчев“- Штип го одбележа 21 март Светскиот ден на лицата со Даунов синдром со низа активности и тоа:
- На одделенскиот час на 13.3.2023 одделенските раководители на сите паралелки заедно со учениците креираа афирмативен слоган во насока на будење на свеста за прифаќање на лицата со Даунов синдром.
- Членовите на ликовната секција изработија сино –жолти ленти, симбол за Дауновиот синдром.
- На 14.3.2023 стручната служба за најафирмативен слоган го избра слоганот „Различни на изглед, исти во душа“ на ученикот Горјан Бинов од VI3 и истиот е содржан во изработениот беџ.
- На 21.3.2023 година во 12.00 часот за членовите на ученичкиот парламент, специјалниот едукатор и рехабилитатор – логопед м-р Елена Ташкова и училишниот педагог Славица Пилатова реализираа едукативна презентација на тема Даунов синдром. Настанот беше медиумски покриен од локалната телевизија M»Net HD.
- Членовите на ученичкиот парламент го посетија Градоначалникот на Општина Штип и дел од советниците и им подарија беџови, а исто и на нашите сограѓани, и ја испратија пораката дека живееме во ист свет со овие деца и дека светот е поубаво место за живеење кога се прифаќаме и поддржуваме.
- Директорот, м-р Зоран Митев организраше прием за сите членови на Ученичкиот парламент и му врачи признание на ученикот за избраниот слоган.