Инклузијата започнува од училишниот двор, секое дете има право на еднаков пристап и достапност до училиштето, токму затоа нашето училиште во рамки на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ кој го спроведува Здружението Отворете ги прозорците со поддршка на Детската Фондација Песталоци, по повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост со свечен настан ја пушти во употреба пристапната рампа за учениците со телесна попреченост. Преку фандрејзинг активност, која опфати креирање на текст од страна на членовите на литературната секција од предметна настава и со партнерска соработка со родителите и бизнис секторот настана видео записот на песната „Со весела песна до пристапност лесна“, во знак на благодарност до Халк банка која ги обезбеди потребните дополнителни средства за изградба на рампата. Кога се работи тимски, со љубов и посветеност, успехот е загарантиран. Со песната испеана од нашата ученичка со ангелски глас Лина Костадинова, сакаме да упатиеме порака, дека иако сме различни, сепак еднакви сме сите под исто небо ни минат дните.