Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип во рамки на кампањата “За посреќно детство” во ООУ „Гоце Делчев“ – Штип, одржа работилница – дисеминациска сесија спроведена од страна на волонтерите на Клуб на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип.
Дисеминациската сесија беше наменски подготвена и реализирана за учениците, а во текот на работилницата беше подготвен и квиз за проверка на стекнатите знаења за Црвен крст. На крајот од работилницата, волонтери им врачија училишни пакети на 16 ученика, кои беа обезбедени по успешно спроведената тродневна хуманитарна акција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here