По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената ООУ ,,Гоце Делчев“ – Штип ги реализираше следните активности за одбележување на овој посдебенден , во чест на сите жени кои секојденевно инспирираат и мотивираат.
- Посета на членки од Здружение на пензионери – Штип и реализирање на пријателски рекреативни спортски активности со тим на вработени жени во ООУ,, Гоце Делчев“- Штип во организација на предметниот наставник по ФЗО Љупче Мирчевски.
- Подготовка на презентација од страна на одговорните наставници по историја Трајче Милев и Влатко Здравев за Денот на жената со која презентација учениците подобро ќе ја разберат важноста на родовата еднаквост, жените низ историјата и нивниот придонес во општеството.
- Креативна работилница за изработка на цветови од страна на учениците од 5 одделение со одговорните наставнички Славица Неделкова и Валентина Величковска.
- Организирана посета во Општина Штип, централното градско подрачје и подарување на цвет, со кој учениците заедно со одговорните наставници: Орце Серафимов, Елизабета Кожухарова, Јадранка Димитрова и Радмила Балаж, им го честитаа празникот и ја изразија нашата благодарност и почит кон сите жени кои со својата љубов, труд и посветеност го прават светот подобро место.