По повод 43 години од смртта на штипскиот великан Ацо Шопов, се одржа литературно читање во просториите на градската Библиотека каде учество зедоа и нашите ученици:Сара Андонова и Ева Арсовска – 9¹ одд., под менторство на м-р Марија Ристова и учениците Илина Блажева 9 одд и Ана Чапова 8 одд под менторство на проф. Весна Јованова. Учениците беа под координација на нашиот училишен библиотекар Ване Дериволов. . . . Ако носиш нешто неизречено, нешто што те притиска и пече, закопај го во длабока тишина , тишината сама ќе го рече. – Ацо Шопов

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here