ОБУКА „Вовед во eTwinning платформа и употреба на дигитални алатки“

0
82

        На 19.11.2025 година во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ Штип се реализираше обука на тема „Запознавање со можностите и придобивките од eTwinning платформата“. Обуката ја водеше eTwinning амбасадорот г-ѓа Зорица Милкова, а присуствуваа 15 наставници од нашето училиште. Во рамки на сесијата, наставниците се запознаа со:

        • што претставува eTwinning и како ја поврзува наставната практика со европски колеги;
        • клучните придобивки за учениците (меѓукултурна соработка, дигитални компетенции, мотивација) и за наставниците (професионален развој, размена на добри практики);
        • основни чекори за започнување: пронаоѓање партнери, дефинирање проектна идеја, планирање активности и безбедна комуникација на платформата.

        Оваа обука е важен поттик за нашата школска заедница да ја отвори наставата кон меѓународна соработка и современи пристапи во учењето. Се надеваме дека присутните 15 наставници во наредниот период ќе иницираат и реализираат многу успешни eTwinning проекти, преку кои учениците ќе учат, истражуваат и креираат со врсници од цела Европа.

        Искрено благодариме на обучувачката, г-ѓа Зорица Милкова, за професионалната поддршка, инспиративните насоки и практичните совети што ги сподели со нашите наставници. Училиштето останува посветено на континуиран професионален развој и на создавање можности за квалитетна, современа и отворена настава.

        LEAVE A REPLY

        Please enter your comment!
        Please enter your name here