По  повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената  ООУ ,,Гоце Делчев“ – Штип  ги реализираше следните активности за одбележување на овој посдебенден , во чест на сите жени кои секојденевно инспирираат и мотивираат. 

  • Посета на членки од Здружение на пензионери – Штип и реализирање на пријателски рекреативни спортски активности  со тим на  вработени жени во ООУ,, Гоце Делчев“- Штип во организација на предметниот наставник по ФЗО Љупче Мирчевски.
  • Подготовка на презентација  од страна на одговорните наставници по историја Трајче Милев и Влатко Здравев за Денот на жената со која презентација учениците подобро ќе ја разберат важноста на родовата еднаквост,  жените низ историјата  и нивниот придонес во општеството.
  • Креативна работилница за изработка на цветови од страна на  учениците од 5 одделение со одговорните наставнички Славица Неделкова и Валентина Величковска.
  • Организирана посета во Општина Штип, централното градско подрачје и подарување на цвет, со кој учениците заедно со одговорните наставници: Орце Серафимов, Елизабета Кожухарова, Јадранка Димитрова и Радмила Балаж, им го честитаа празникот и ја изразија нашата благодарност и почит кон сите жени кои со својата љубов, труд и посветеност го прават светот подобро место.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here