По повод „Недела на информатиката 2024” во нашето училиште ООУ „Гоце Делчев-Штип и ПОУ Три Чешми ” во периодот од 05.02.-09.02.2024 год. беа реализирани повеќе активности со учениците од 6 и 7 одделение со наставничката п о Информатика Симона Шпигова Џонов.

Ученици од 7 одделение ја реализираа работилницата „Кодирај го своето име“ со кои ги искодираа своите имиња во бинарен систем, а истовремено и повторија дека компјутерите ги претставуваат податоците со низи од 0 и 1.
Исто така преку презентацијата на тема „Безбедно на интернет“ научија како треба да се однесуваат на интернет и како безбедно да ги користистат социјалните мрежи. На крајот своите знаења ги проверија, но и се натпреваруваа во Kahoot квиз.

Во 7 одделение исто така учениците си креираа тимови за реализирање на активноста „Потрага по богатството“ преку решавање на загатки кои се криеја зад QR кодовите кои беа поставени во кабинетот по Информатика.

Со учениците од 6 одделение се реализираше работилница во која прво ја проследија презентацијата на тема „Безбедност на интернет“, а потоа преку интерактивна дискусија учениците проверија дали се добри „онлајн“ пријатели. Се разгледаа десет случаи во кои беа дадени ситуации, а учениците требаше да изберат еден одговор како соодветен за разрешување на дадената ситуација. На крајот знаењата ги проверија со Каhoot квиз.

Сите активности беа реализирани со големо задоволство од страна на учениците.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here