По повод 2 Април – Светскиот ден на литературата за деца и Светскиот ден на Аутизмот, беа спроведени неколку активности.
Се одржа едукативно предавање во чест на Светскиот ден на литературата за деца пред учениците од 3 одд., под менторство и логистичка поддршка на проф. Орце Серафимов.
Активноста на часот ја водеше нашиот училишен библиотекар Ване Дериволов.
Беше истакната важноста од читањето на книгите и кои се предностите од сето тоа.
Се читаа најпознатите сказни од најпознатиот дански писател на бајки, Ханс Кристијан-Андерсен, а сето тоа проследено со писмена вежба.
По повод Светскиот ден на Аутизмот се креираше видео во кое учество зедоа нашите исполнителни ученици со афирмативни цитати наменети за Денот на Аутизмот, а сè со цел да се стави акцентот на подигање на свеста за прифаќање на различностите.
Идеја и реализација на видео-активноста:
специјален едукатор и рехабилитатор-логопед, м-р Елена Ташкова;
училишен библиотекар,Ване Дериволов.
техничка обработка:
проф. по информатика Симона Шпигова-Џонов.
Логистика:
директор, м-р Зоран Митев;
професорките по македонски јазик, м-р Марија Ристова и проф. Маре Милева.
Реализација:
Април, 2025
Април, 2025